Во врска со протестот се огласи и претседателот на ВМРО-дпмне Христијан Мицкоски, кој посочи дека ќе го продолжат делото на Делчев, да обединуваат а не да разединуваат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 9:15

ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест за Македонија и за Гоце Делчев!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За денеска во 18.30 часот ВМРО-ДПМНЕ, најави протест кој ќе започне од пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

Како што беше најавено протестот е за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. 

– Ова е мирен народен протест на кој ќе испратиме јасни пораки. Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава, стратешки интерес и бедем на нашето постоење, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Гоце половина од својот живот го поминал во Кукуш. Тоа е првата фаза што го опфаќа неговото детство. Гоце рано пројавил позитивни карактерни особини. Тој уште како петгодишник, при една меѓусебна расправа на родителите, вербално се обидел да ја заштити својата мајка Султана, притоа покажал завидна храброст пред неговиот татко. Уште од тогаш кај Гоце се развило чувството за заштита на послабите и потчинетите.

Од попозициската партија најавија дека пред протестот ќе бидат поделени транспаренти со пораки кои ќе бидат дел од протестот.

– Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев со нашиот источен сосед. Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци. Во меѓувреме нема никакво поместување на патот кон Европската Унија. Европската Унија останува уште едно неостварено ветување на Зоран Заев и неговата власт. Не чувме идеја, ниту план, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.

Во врска со протестот се огласи и претседателот на ВМРО-дпмне Христијан Мицкоски, кој посочи дека ќе го продолжат делото на Делчев, да обединуваат а не да разединуваат.

Гоце Делчев беше човек што обединуваше, којшто имаше визија. Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, врз основа на тоа минато ќе ја градиме иднината, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Ние се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава, Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето.

ЧИСТЕЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

Град Скопје деновиве интензивно работи на чистење и уредување на двете страни на кејот...

За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени.

МОН: Ќе обезбедиме настава и за децата коишто немаат уреди за онлајн учење

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат...

Тој посочи дека случаите со екс министерката Гордана Јанкулоска и неговиот поранешен советник се  заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета.

Чулев: Случаите со Јанкулоска и мојот советник се заплашување, сеење страв, и освета!

По вчерашната одлука на Врховниот суд да ја потврди одлуката од Апелација за случајот...