
Македонија
Политика
По првата средба денеска мирен ден во преговорите за идната владина коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ кои заедно 71 пратеник.
Од коалицијата Вреди брифираат дека денеска нема да се одржат преговори со преставници на ВМРО-ДПМНЕ. По разговорите од викендов, иако за денеска беше најавена нова средба, одлучено е секој во своите штабови да прави своја анализа за содржината од разговорите, велат до Вреди.
Од коалицијата Вреди за ТВ ШЕЊА најавија дека се очекува да биде назначен претставник на коалициските партии кој ќе биде дел од работната група, најпрво за усогласување на изборните програми, а потоа и за конечен договор за формирање на владата.
„Во моментов се очекува да биде назначен од претставник од коалициските партии како и од ВМРО-ДПМНЕ и потоа да се разговара за компатибилноста на програмите. Но, се очекува во наредните денови да се одржат работни состаноци и да се постигне договор за новата влада“, велат од Вреди.
Во саботата беше одржана првата средба во штабот на Вреди во Скопје, а делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше лидерот Христијан Мицкоски. Тој тогаш кажа дека се работи за прва средба – прво запознавање. Разговорите продолжиле потоа и во неделата.
За медиумите беше кажано дека идната соработка ќе се темели на постулатите – евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Засега впечатокот е дека разговорите се пријателски и дека не делуваат премногу сложени. Познато е дека Вреди застапува став на забрзана евроинтеграција, но за вчерашната инаугурација на Гордана Сиљановска Давкова од албанската коалиција не беа изнесени критики. Беше речено дека е важно што претседателката Сиљановска Давкова ја потпишала свечената изјава со уставното име на државата.
Види и ова:
Прва средба ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ: договорени општите начела на соработка за идната влада
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.