ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто денеска во рамките на Парламентот во Комисијата за надворешни работи иницираше расправа за заеднички став, за заедничка позиција и консензус во преговорите кои што се дел од овој договор за добрососедство со нашиот источен сосед.

Објавил: Владо Марин | 1 декември, 2020 15:12

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Владата и МНР, бараат оставка од Заев

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Оставка од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, побара ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест, против како што велат, распродажбата на македонскиот идентитет и нација!

Морам да напоменам дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и другите влади преговарале за постигнување на еден таков договор, но никој буквално ни една влада не се дрзнала да потпишат таков договор со таква содржина, бидејќи доколку вие во договор го ставите проблемот со кој се оспорува потеклото, коренот на вашиот јазик, договор во кој се оспоруваат историските факти, и бидат фактички критериум за понатамошно ваше полноправно членство во ЕУ не е договор, рече Мицкоски!

Народот заслужува да ја знае вистината, ВМРО-ДПМНЕ заслужува да ја знае вистината.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто денеска во рамките на Парламентот во Комисијата за надворешни работи иницираше расправа за заеднички став, за заедничка позиција и консензус во преговорите кои што се дел од овој договор за добрососедство со нашиот источен сосед.
Но, за жал од парламентарното мнозинство тој предлог беше одбиен и за жал уште еднаш го покажаа своето лицемерие во полн блесок, истакна лидерот!

Уште еднаш ги повикам скопјани но и другите граѓани утре да ни се придружат на блокадите овде пред платото на Владата, но и пред платото на зградата на МНР.

Гласот од страна на меѓународната заедница е таков дека работи што не треба да се преговараат, треба да останата надвор од процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, како што се идентитетот, обичаите, историјата, јазикот, рече Мицкоски на протестот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...