ВМРО – ДПМНЕ, преку партискиот портпарол Стоилковски, го соопшти официјалниот став по основ на формирање собраниска комисија за национално помирување, под водство на Талат Џафери.
ВМРО – ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27-ми април.
Власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда што во суштина е неправда. – рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.
Партискиот портпарол го појасни ставот на партијата дека ако власта сака вистинско националн помирување, нека го разгледа и гласа предлог законот за амнестија за немилите настани од 27 април минатата година.
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција.
Затоа ќе поднесеме предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27-ми април и власта доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии. – рече Стоилковски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.