
Македонија
Вести
„Со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата Вреди“, истакна Мицкоски.
При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери како што е коалицијата Вреди.
„Па да, можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник“, кажа Мицкоски и додаде:
„Не можам да зборувам во однос на деталите, но многу скоро од денеска ќе ги дознаете деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна, но она што можам да кажам е дека како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеници кои што ги има автентично самата коалиција и очекуваме одлука на управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6 можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата Вреди“, истакна Мицкоски.
Продолжуваат средбите на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ
Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата беше истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните.
При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.
Беше договорено дека разговорите во позитивен дух ќе продолжат и во наредниот период, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.