Блокирани ќе бидат крстосниците кај Собрание, „Мавровка“ и кај поранешна „Нова Македонија“.

Објавил: Сара Фемина | 7 јуни, 2021 17:27

ВМРО-ДПМНЕ ОД УТРЕ ЌЕ БЛОКИРА ТРИ КРСТОСНИЦИ ВО СКОПЈЕ ОД 15 ДО 17 ЧАСОТ ПОРАДИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА

Фото/Текст извор: ©sdk

ВМРО-ДПМНЕ од утре, секој ден ќе блокира три крстосници во Скопје од 15 до 17 часот. Блокади ќе има и во 10 други градови, пренесе Сдк!

Како што кажа денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, протестите се единствен начин да се спречи барањата на Бугарија да станат дел од преговарачката рамка со ЕУ и на тој начин проблемот што го имаме со Софија да стане проблем со ЕУ. Мицкоски рече дека тоа го дознал од високи дипломатски извори од Брисел и Софија.

Ова може да се спречи само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика, но истовремено народ на улиците. Во рамките на тоа, ВМРО-ДПМНЕ од утре, секој ден ќе ги блокира на три места Скопје и уште 10 градови во Македонија во периодот од 15 до 17 часот, сè додека на јавноста не ѝ биде покажан документот, патоказ или како сакате наречете го, кој што го преговара двоецот Заев – Бучковски со официјална Софија, а се однесува на прифаќање на декларацијата која што е усвоена во бугарскиот Парламент во 2019 година да биде дел од преговарачкиот процес.“, изјави Мицкоски.
Блокирани ќе бидат крстосниците кај Собрание, „Мавровка“ и кај поранешна „Нова Македонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Премиерот Заев истакна дека Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво.

Стартува реализација на првите 23 проекти за граѓаните од ТАВ програмата, инвестиции во инфраструктура за нови вработувања и економски развој

Ми претставува чест и задоволство што денес ги доделуваме договорите на 23 општини...

На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот.

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО: И Македонската влада присутна

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со лидерите на...

Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски, повторувам македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија.

Лагите на СДСМ околу црните листи се последица на рејтингот на Заев кој драматично паѓа поради криминалот и корупцијата

Не ме прашувајте дали сум подготвен да ги бранам националните интереси на државата,...