Причината за 14 загубени животи се најде во прегреаниот продолжен кабел, но сеуште не се лоцираат виновници. Опозицијата бара разрешување на Филипче и Хасани на итна собраниска седница.

Објавил: Перо Милчин | 6 октомври, 2021 20:29

ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСУВА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СВИКУВАЊЕ НА ИТНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, од страна на премиерот се амнестирани од политичка и морална одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница, оставките на двајцата директори ќе бидат прифатени бидејќи тие се неотповикливи, а болницата ќе добие ново раководство, брифираат од Владата за ТВ 24, но сепак Министерство за здравство го има последниот збор.

Причината за 14 загубени животи се најде во прегреаниот продолжен кабел, но сеуште не се лоцираат виновници. Опозицијата бара разрешување на Филипче и Хасани на итна собраниска седница.

„Денес би сакал да Ве известам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесува иницијатива за свикување на итна седница на Собранието согласно член 67 и член 68 од Деловникот, со две точки на дневен ред. Првата точка, Одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и второто точка, Одлука за разрешување на заменикот министер за здравство Илир Хасани.Нашето прашање до собраниското мнозинство и до Владата е уште колку луѓе треба живи да изгорат како пациенти за да се понесе политичка и објективна одговорност за ваквата трагедија која што е резултат на неодговорноста на власта?“. – Антонио Милошоски- пратеник ВМРО-ДПМНЕ.

Досега ВМРО-ДПМНЕ немаат доставено барање за свикување на седница потврдуваат од Собранието, а оттаму велат дека претседателот Талат Џафери не коментира политички изјави, до моментот кога ќе бидат доставени официјално.

Од СДСМ стојат на ставот дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја политизира трагедијата во Тетово, а институциите покажале дека имаат капацитет да спроведат ефикасна истрага.

„Сите надлежни институции покажаа капацитет , стручност и подготвеност да спроведат ефикасна и темелна истрага за откривање на причините кои го предизвикаа пожарот во Тетово.Наместо да ги остави институциите да работат независно и професионално, ВМРО-ДПМНЕ се уште се обидува да профитира врз оваа несреќа.“ – СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Од вашата одлука, додаде тој, зависи дали власта ќе добие нови 4 години, иако, според него, досега не исполнија ништо од ветеното.

-Овие избори се моментот кога е време да им кажете доста е! Доста се експериментите во здравството, образованието, локалната самоуправа, економијата. Доста се разочарувања и упропастени шанси. Доста е од чекање во чекалницата пред ЕУ! Доста е од нивните празни фрази и флоскули – порача Мицкоски.

Мицкоски: СДСМ и ДУИ почнаа очи да си вадат по улици

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Илинден ги прозва...

Тоа е затоа што СДСМ зад себе има резултати, има одговорни државнички политики и реализирани над 7.000 проекти на локално ниво.

СДСМ: Анкетите потврдуваат дека СДСМ е убедлив победник на изборите

Реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Сите анкети од релевантни институции спроведени...

Демократијата, нагласи Иванов, не може да се увезува – единствена вистинска демократија е демократијата која потекнува од народот, од политичката самосвест, од учествувањето во политичкото одлучување за иднината.

Иванов: Демократијата не може да се увезува, таа потекнува од народот

Денес на Република Македонија повеќе од кога и да е и се потребни луѓе, кои со гордост...