Дали Славјанка Петровска гласа на избирачкото место 2948/1 во Радишани?

Објавил: Перо Милчин | 18 ноември, 2022 17:44

ВМРО-ДПМНЕ: Попусти се сите обиди за дефокус, Петровска бега од вистината – доставуваме докази

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Славјанка Петровска видно вознемирена од фактите изнесени на денешната прес конференција заборави да каже дали таа според место на живеење е евидентирана на ул. Радишанска и дали тоа е истата улица и објект на кој се наоѓа луксузната Хациенда со базен?

Дали Славјанка Петровска гласа на избирачкото место 2948/1 во Радишани?

Доколку истото се потврди како може истата да користи адреса на живеење на која не живее?

Попусти се сите обиди за дефокус. Во интерес на јавноста и со цел вистината од која Петровска бега да ја докажеме, во прилог ви испраќаме евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој се гледа дека објектот на ул. Радишанска, луксузната хациенда е евидентирана на име на Петровска.

Факт е дека Петровска доколку ја продала хациендата тоа ќе било прибележано во Катастарот. Што не е случај со нејзиниот имот заведен во Катастарот.

Очекуваме Петровска да каже кога ќе ја донира хациендата на здруженијата на бранители од 2001 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...