СДСМ изврши незаконска, противуставна и насилна промена на уставното име на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на синоќешното обраќање побара и предвремени парламентарни избори
81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ изразен на референдумот од 30 септември, кој не беше успешен и со тоа никој во државата нема легитимитет да постапува во спротивност на истиот.
Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз македонската држава и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.
Неправдата не смее да остане. СДСМ покажа дека ја води државата во погрешен правец. Токму затоа треба да си замине. ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа криминогена власт која и нанесе голем број на порази на државата и ја зацрни нејзината иднина да си замине.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.