Опозицијата продолжува со офанзивата против предлог законот за Академија

Објавил: Узунов Бобан | 20 септември, 2019 9:03

ВМРО-ДПМНЕ со писмо и до францускиот амбасадор : Вие ја финансирате Академијата, погледнете што прави власта !

Фото/Текст извор: ©магазин

И покрај сите укажувања за основани сомневања за злоупотреба на системот од страна на ген.секретар Рашковски, при конкурсите за влез во Академијата за судии и обвинители, владата продолжува да ги турка измените на Законот за АСЈО преку злоупотреба на знамето на ЕУ, за вештачки да ја скрати постапката во Собранието.

Дополнително, за власта да може полесно да го етаблира клиентелизмот и непотизмот при изборот на идните владиноподобни судии, со законските измени предлагаат да се девалвираат објективно добиените поени, а Комисијата за приемен испит да учествува со дури 70% субјективни/дискрециони оценки за кандидатите, наспроти досегашните 10%. Доколку на ова се додадат информациите кои се појавија во јавноста дека деца и блиски роднини на високи судски и обвинителски функционери, на високи функционери во Собранието, како и на истакнати владини и партиски активисти се на “листата на привилегираните” за сигурен влез во Академијата, станува јасно дека мерит системот на оваа институција станува суштински загрозен.
За таа цел, група пратеници кои учествуваме во дискусиите по овој сомнителен предлог закон, упативме писмо на загриженост до амбасадорот на Француската Република, г-н Тимоние, бидејќи неговата држава е еден од најголемите донатори на Академијата од самото нејзино основање. Се надеваме дека Франција ќе помогне да се зачува институционалниот капацитет на Академијата за судии и обвинители, како и да се одржат високите објективни стандарди и принципот на еднакви шанси за секој сегашен и иден студент на оваа Академија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што информира градоначалникот Петре Шилегов пролетта 2017 година е констатирано заболување на овој дрворед, но покрај сите обиди што ги направиле, дрворедот морал да се отстрани.

ШИЛЕГОВ ГРЕШКАТА ЈА ПОПРАВА: Нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Градот Скопје денеска започна со обновување на дрворедот на улицата „Максим Горки“...

Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, напиша Героски на својот Фејсбук профил.

Героски со апел до обвинителството: Изјаснете се за случајот или јас ќе ја известам јавноста!

Новинарот и уредник на порталот Плус Инфо, Бранко Героски со ОТВОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО...