Реакција

Објавил: Калина Мартинска | 9 јуни, 2024 12:38

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Славјанка предремаа седум годишна брутална злоупотреба од ДУИ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од партијата која на тацна ја даде Македонија кога ги силуваа институциите и ограбуваа не кажаа ниту збор. И кога секогаш ќе поддржеа нешто од СДС, овие испорачуваа плус 10 пати повеќе.

Во нормална држава Филипче би се срамел од дома да излезе. Jасно е дека се тепа да стане претседател на СДС зашто мисли дека тоа ќе го спаси од одговорност зашто тој и неговиот духовен водач Зоран Заев така функционирале. Но се ќе излезе на видела. Македонија не заборава, народот памети, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се однесува до Славјанка, немаме што да кажеме освен дека е безлична личност во македонската политика. Дури и на ниво на декор е безлична и без никаква суштина. Како оние празни вазни во трговски центри кои ги гледаме дека се тука внимаваме да не се удриме во нив, а кога ќе се запрашаме што бараат тука, сфаќаме дека немале кај да ги стават и оставени се така празни.

Венко и Славјанка се клучен дел за поразот на СДС и нивниот поданички однос кон Заев и Ковачески ги донесе СДС до ова дереже до кое се денес. ВМРО-ДПМНЕ своето прво ветување го исполни. ДУИ е во опозиција. Со се нивните потрчковци од СДС. Следува одговорност за сите. Смирете се и без нервози“, велат од партијата.

Реагираше и Коалицијата ВРЕДИ:

ВРЕДИ: ДУИ со гласањето за реоранизација на министерствата, покажа дека може да биде конструктивна опозиција

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести