Со парите потрошени за хигиена, јавен превоз, лекови, облека и културни активности граѓаните можат да добијат уште приближно 52 денари.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2019 9:28

ВМРО -ДПМПНЕ: „Заев и СДСМ ја осиромашија и опустошија државата и наместо живот донесоа беда„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

-Додека власта ја манипулира јавноста со оваа мерка која ќе биде привилегија исклучиво на богатите, поскапеа нафтата, цените на мало, патарините, трошоците за живот и се покачија даноците изјавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со мерката за поврат на ДДВ со која власта толку се фали, наместо ветените 30.000 денари, граѓаните максимално можат да добијат 1.872 денари во годината или само 156 денари месечно. Oваа ниска сума ја потврдуваат трошоците во потрошувачката кошничка на едно четиричлено семејство кое за да го помине месецот потребни му се 33.000 денари.

Поголемиот дел на трошоци кои им се неопходни на граѓаните не се со даночна стапка од 18%, туку се со 3, 5 или 6%, па така повратот на овие трошоци е уште помал.

Според потрошувачката кошничка граѓаните трошат 42% од буџетот на исхрана, но од тоа може да земат само 104 денари месечно затоа што данокот е 5%, додека пак 31% од трошоците им одат за комунални трошоци кои не се даночат па така со 73% потрошен семеен буџет може да се земе поврат од само 104 денари.

Со парите потрошени за хигиена, јавен превоз, лекови, облека и културни активности граѓаните можат да добијат уште приближно 52 денари. Така да стигнат до мизерни 156 денари на месечно ниво кои ништо не им значат за да ги покријат зголемените трошоци за живот кои драстично пораснаа изминативе две години, се вели во партиското соопштение.

Зоран Заев и СДСМ ветуваа дека со повратот на ДДВ граѓаните во годината ќе може да исплатат кредит, да реновираат соба или да си платат годишен одмор. Но со овие средства кои реално би ги добило едно четиричлено семејство нема да може да си го плати ниту превозот, а камо ли да си дозволи да оди на годишен одмор.

-Додека власта ја манипулира јавноста со оваа мерка која ќе биде привилегија исклучиво на богатите, поскапеа нафтата, цените на мало, патарините, трошоците за живот и се покачија даноците.

Над 500.000 граѓани едвај врзуваат крај со крај, а власта наместо да воведе реални мерки со кои ќе им ги намали трошоците таа воведува мерки за мачкање на очи од кои бенефит ќе имаат само богатите како семејството на Зоран Заев. Зоран Заев и СДСМ ја осиромашија и опустошија државата и наместо живот донесоа беда.

На Македонија потребни и се промени и обнова кои единствено ќе дојдат кога оваа криминална власт ќе си замине, соопштуваат од партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...

Снимката на која се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, стана вирална на социјалните мрежи.

СВЕТ Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се...