Најголемата опозициона партија ја започнува процедурата за избор на кандидат

Објавил: Узунов Бобан | 5 февруари, 2019 7:19

ВМРО денеска официјално ќе ги објави кандидатите, кој е фаворит за претседател ?

Фото/Текст извор: ©фактор.мк/магазин

ВМРО-ДПМНЕ, според претходните најави, денеска треба да ги објави имињата на конкурентите кои ќе се борат да ја добијат поддржката од најголемата опозициска партија која ќе одбере само еден од нив како кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори на пролет.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека е одлучено конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија да се одржи на 1 март, иако првично беше најавено за 16 февруари. 

Професорката Гордана Силјановска беше предложена за претседателски кандидат од 30 професори и академици со отворено писмо во јавноста. Силјановска не ја исклучи можноста да биде кандидат, а Каролина ристова Астеруд една од потписниците на писмото за поддршка изјави дека би ја поддржала Силјановска и како партиски кандидат. Според партиски избори таа е и фаворит на раководството. 

Јавниот повик траеше до 1 февруари, а последните информации се дека се пријавиле деветмина, меѓу кои професорката Гордана Силјановска како последна. Потврдени засега се имињата уште на пратеникот Влатко Ѓорчев и фракционерот Филип Петровски. Иако се споменуваат и имињата на Коце Трајановски, Саво Климовски и Игор Дурловски, од синоќа медиуми блиски до опозицијата тврдат дека преостанатите пријавени во главно не се познати за широката јавност. Помеѓу нив има имиња на професори од Машинскиот факултет и Природно математичкиот факултет. Кандидатура поднел и еден поранешен градоначалник на Виница, како и претседателот на Комората за енергетика.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера од Брисел по средбите со европратеници од Европската народна партија истакна дека „последното тргување со правдата во Македонија му дава за право да стравува дека власта ќе се обиде да ги украде изборите“.
– Посочив дека има основани сомневања дека ваквото владеење на власта може да резултира со нерегуларности и фалсификување на претстојните избори.
Ги запознав моите соговорници за нашите стравувања дека Зоран Заев бегајќи од предвремени озбори сака да ги украде претседателските избори, односно истовремено сето она кое што се случуваше изминатиот период да биде определен вид доказ за неговите намери да ги украде претседателските избори. Организирањето на фер избори мора да стане услов за напредок на европските интеграции, истакна Мицкоски од Брисел на состанокот на ЕПП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести