
Живот
Совети
Новогодишната трпеза секогаш е полна, а секако на неа не може а да нема сарма.
Љубителите на сармата требада знаат дека и таа има рок на траење.
Без разлика дали е посна или мрсна, сармата доколку ја чувате во ладилник трае 3-4 дена најмногу, не повеќе.
Оние кои практикуваат да ја замрзнуваат треба да имаат на ум дека замрзната сарма се чува до 4 месеци.

Освен тоа на трпезата секогаш има и руска или француска салата кои се царици на трпезата. Но внимавајте тие се лесно расипливи поради мајонезот.
Треба да се чуваат во ладилник на четири степени и рокот им е до три дена.
Внимавајте за празниците, тие секогаш се замка за прејадување.Лекарите и нутриционистите апелираат до граѓаните за време на празниците да водат сметка и да не западнат во замка на прејадување и претерување со пиење, посебно на оние кои постат и кои, после неколку недели, за Божик ќе јадат мрсна храна.
Придржувајте се до строгите секојдневни правила и водете сметка исхраната да биде редовна, умерена и разновидна.
Оние кои постат треба да внимаваат на преминувањето од посна на мрсна исхрана. Никао немојте нагло да започнете со јадење мрсна и тешка храна доколку сте постеле, бидејќи тоа го оптоварува желудникот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.