Возете внимателно

Објавил: Сара Фемина | 30 ноември, 2021 6:20

ВНИМАНИЕ: Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Фото/Текст извор: ©магазин

ЗАБРАНА ЗА ТТВ: На планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за тешки товарни возила во 00:30ч.

На патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка од 22:00ч. воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАНИЕ: Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот...

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Силни врнежи од снег на Плетвар, воведена забрана за камиони

Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар од превентивни...