Мерван Сулејмани е човекот кој инвестирал во изградба на дивоградбите на Матка

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2019 11:22

Внукот на поглаварот на ИВЗ е дивиот инвеститор на МАТКА

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Како што пишува vecer.mk, Мерван Сулејмани или внукот на поглаварот на ИВЗ Реџеп Сулејмани е човекот кој инвестирал во изградба на дивоградбите кои никнаа на кањонот Матка.

Извори на ДУИ за вечер.мк потрдуваат дека тие се во роднинска врска и напоменуваат дека освен платформите, внукот на поглаварот на ИВЗ инвестирал и во други објекти на Матка.

Инаку Мервин Сулејмани бил близок со Блерим Беџети, градоначалникот на општина Сарај, од каде што како што пишува Вечер, нечујно минале сите камиони со материјалите за изградба на платформите, но и за други објекти, кои се носени по вода.

Инаку членовите на семејството Сулејмани биле повикани на средба за да објаснат што се случува на Матка, откако медиумите неколу денови активно објавуваа дека има дивогради во зона заштитена со закон, а на таа средба, тие не ја кажале вистината, напротив тврделе дека овие објекти се таму повеќе од 10 години. За потсетување, платформите на заштитеното подрачје на Матка никнаа преку ноќ, а се доградуваа со месеци.

Guardian минатата година го вброи кањонот Матка меѓу десетте најубави кањони во Европа кои се лесно достапни за авантуристите и нудат одлични погледи и добри патеки за шетање. Кањонот Матка е прогласен за споменик на природата и е заштитено подрачје од трета категорија, за нејзина заштитата се грижат 39 институции стои во студија на УНДП од 2010 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...