Портпаролот на канцеларијата на гувернерот за вонредни ситуации соопштил дека екипи сè уште работат на санирање на водоводната мрежа, на гасоводот и на другата оштетена инфраструктура.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јули, 2019 22:16

ВОВЕДЕНА ВОНРЕНДНА СОСТОЈБА ВО КАЛИФОРНИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во јужниот дел од државата, Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба.

Вонредната состојба значи дека државата ќе обезбеди хуманитарна помош на округот Сан Бернардино, поради зголемениот ризик по безбедноста на луѓето и нивниот имот.

Денеска презентерка на американска телевизија мрежа CBS, за време на програма во живо, извештајот за земјотресот го завршила така што се сокрила под маса.

За време на силниот земјотрес во Калифорнија тлото толку се тресело што почнала да се тресе и целата опрема во студиото, сценографијата и камерите.

„Чувствуваме големо силно треперење. Овде се тресе во студио и се надеваме дека ништо нема да падне од таван“, рекла таа и панично се држела за раката на својот колега.
„Потресот е прилично силен и мислам дека подобро би било да се засолниме под маса.! Веднаш се враќам“, порачала исплашената спикерка Сара Дончи и се сокрила под маса.

Денешниот земјотрес со јачина од 7 степен според Рихтерова скала бил втор по ред силен потрес во изминативе два дена.

http://https://www.youtube.com/watch?v=vCP32JxwZ3E

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...