
Свет
Криза
Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на 16 германски покраини се согласија да го продолжат времетраењето на „заклучување“ за повеќето продавници и училишта до 14 февруари, како дел од новиот пакет мерки против ширење на коронавирусот.
„Време е да се преземат превентивни мерки против заканата од овој вирус“, рече Меркел на прес-конференција во вторникот, по состанокот со премиерите на германските покраини, пренесува Ројтерс.
Според новите правила, на граѓаните ќе им биде забрането да носат маски од ткаенина или шалови како замена за маски во јавниот превоз, објавија претходно германските медиуми.
Иако бројот на новоинфицирани се намали во последните денови, падот на бројот на новоинфицирани во Германија мора дополнително да се забрза за да се спречи ризикот од ширење на нов вид на коронавирус.
Во последните 24 часа биле регистрирани уште 11.369 заразени со вирусот корона, вкупно 2,05 милиони и уште 989 мртви или вкупно 47 622 од почетокот на пандемијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.