Овој празник е наречен Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, но и Рајко, Рајна, Ратка…

Објавил: Сара Фемина | 21 ноември, 2021 11:38

Водачот на сите небесни сили: Денеска е големиот празник Aрхангел Михаил

Фото/Текст извор: ©магазин

На 21 ноември православните христијани го празнуваат Св. Архангел Михаил, а многубројни се и оние кои овој ден го земаат како домашна слава.

Овој празник е наречен Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, но и Рајко, Рајна, Ратка…

На овој ден според народните преданија треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Дали денот ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од денот на кој се паѓа. Ако е во среда или петок, треба да биде посно. Оваа година е во четврток, па трпезата може да биде мрсна. Секогаш на трпезата треба да има пченица, во чест на мртвите, односно упокоените души на светците. Доколку домаќините го празнуваат заслугот, тогаш трпезата е посна.

Молитва кон св. архангел Михаил

Целиот си оган и ревност, свети Архангеле Михаиле, затоа ти се молиме: нашите заспани души запали ги со огнот на твојата ревност, та секогаш да Му служиме на нашиот заеднички Господ, сесрдно да те подражаваме тебе, безгрешниот и свет брат наш и врховен војсководач на сите небесни и земни војски Христови. Пречудниот Господ Исус Христос устроил една црква од англеи и луѓе, та и ние луѓето кои таинствено претставуваме херувими на земјата, да ги подражаваме нашите небесни браќа на чие чело стоиш ти, лачезарен и боженствен архистратиже Михаиле. Ти на небото го победи селошиот сатана и го фрли од небото на дното во пеколот – помагај ни и нам секогаш, ти се молиме, сесилен Архангеле, та и ние со сепобедната сила да го победуваме селукавиот сатана, кој нѐ напаѓа од сите страни, и нѐ искушува преку безбожни луѓе, преку нечисти мисли, преку земни наслади и преку опивните страсти.

Сиот си свет, чист и безгрешен, божествен првоангеле Божји; ти се молиме – сесвети; ти се молиме – сечисти; ти се молиме – себезгрешни, учи нѐ дење и ноќе како да живееме свето, чисто и безгрижно; дарувај ни ги твоите херувимски сили за да живееме вистински херувимски на земјата и ние, кои според неизмерливото Божјо човеркољубие, претставуваме херувими на земјата.

Не оставај нѐ во отровната кал на нашите сластољубиви земни желби, туку издигни нѐ во небесните англески височини и оспособи нѐ да живееме ангелски свето и чисто, додека сме во тело на земјата. Милостиво погледни на нас, сепобедлив архангеле, снисходливо спушти се до нас, разбуди нѐ за борба со злото, со гревот, со ѓаволот, со смртта, за да можеме водени и охрабрувани од тебе, лесно да ги совладуваме: секој грев, секоја страст, секој ѓавол и секоја смрт. Знаеме, богоносен архангеле, дека имаш власт над нечистите духови, над смртта, над гревовите: исполни ги нашите души со твојата боженствена сила, за да можекме бестрашно да војуваме и херувимски да ги победуваме сите непријатели на нашето спасение, на нашата вера и на нашата душа.

Сепобедлив војводо на небесните сили, ти си го исчистил н небото од сатаната и неговите црни ангели, исчисти ги и нашите души од секој грев, зашто гревовите наши ги отвараат вратите и прозорците на нашите души; преку нив во нас да не влезат нечистите демонски дили, да ги валкаат и умртвуваат нашите души кои треба да се англески чисти и ангелски бесмртни. Без твојата сепобедлива помош, небесни војсководачу, лесно стануваме плен на нечистите сили. Затоа од сѐ срце ти се молиме: прими нѐ во твојата сепобедлива војска, војувај за нас и пред нас, води нѐ и предводувај нѐ во секоја борба за нашата душа, за нашето спасение, за нашата вечност, обезбедувајќи ни победа над секојн грев и над секој ѓавол.

О, пресвети архангеле, ако ти не ни дојдеш на помош со твојата боженствена сила, ние сме очајни и немоќни пред демонските сили. Со тебе секогаш ќе победуваме во сите борби на нашата душа, а без тебе паѓаме од пораз во пораз, од грев во грев, од пекол во пекол. Затоа ти се молиме, биди секогаш со нас, не напуштај нѐ поради нашите гревови, и поради нашата нечистотија, туку сакајќи нѐ со боженствена љубов направи да го замразиме гревот и сите гревовни сласти, та да ја исполниме нашата душа со слаткиот мирис на ангелските добродетели. Еве, ги предаваме нашите души на тебе, пресвети ангеле Божји, ти се молиме и просиме: води нѐ секогаш по патиштата што водат кон Царството Небесно, за да можеме заедно со тебе, вечно да Го славиме семилостивиот наш Спасител – Преслаткиот Господ Исус Христос, и Неговиот Човекољубив Отец, и Себлагиот Дух Утешител, Кому нека Му е слава и пофалба сега, секогаш и во сите векови. Амин!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Според правилата на постот и според зборовите на Свети Јован Латустовски, постот не треба да се користи ако не е поврзан со духовното.

КАКО ПРАВИЛНО ДА ГО ПОСТИТЕ БОЖИЌНИОТ ПОСТ: Еве кога постите на вода, кога да јадете РИБА и во никој случај не ги правете овие ГРЕШКИ што доведуваат до ГРЕВ

Божиќниот пост, кој започнува во сабота, 28 ноември, трае до Божиќ, а еве ги правилата...

Свети Лука беше еден од 12-те апостоли Христови и писател на едно од четирите евангелија. Роден е во Антиохија во 1 век. Тој се смета за еден од првите ученици на Христос кој ширел христијанско учење, по смртта на апостол Павле.

Денеска се празнува Свети Лука: Светец кој ги штити и лекува болните

Денеска, 31 октомври, православната црква слави празник посветен на Светиот апостол...

Многу од нив за да Ѝ оддадат почит на нашата Владичица и Небесна Царица пешачат и цели километри пред да се поклонат на нејзината чудотворна икона што се наоѓа во овој храм.

Илјадници поклоници пред чудотворната икона на Богородица на Крит

Секоја година на празникот на Рождеството на Пресветата Богомајка, илјадници православни...