
Македонија
Вести
Уникатното празнување на Водици во Битуше во 2019 година Владата го прогласи за културно наследство од исклучително значење
Централна улога во локалните адети за празникот ја имаат жените од селото, наречени кумстарки. Уникатни се носиите, уникатни се песните, уникатен е целиот амбиент кој е жива слика на дамнешни времиња
Битуше е село во реканскиот крај, сместено од десната страна на реката Радика, на падините на планината Дешат. Според кажувањата на жителите, има триесеттина што тука живеат во текот на целата година. Но, има и ден кога секој што има битушки корени доаѓа во родното место.
„За Водици треба да се дојде во Битуше. И да се раскажува со месеци, не може да се доживее тоа што се чувствува тука. Да му се помолиме на Свети Јован. Да ни даде напредија, здравје, среќа итн. Сите убави работи. Така и се молиме во самите песни што ги пееме. Верски, меѓутоа тие се сите наменети на Свети Јован“ вели Рајна Иваноска – жителка на Битуше.
За празникот Богојавление – Водици, битушани успеале да го зачуваат изворниот начин на празнување со сите адети што ја отсликуваат овдешната традиција. А старите адети, во модерно време, се блиску до атракција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.