Наместо тоа, овој голем христијански празник, според најавите, ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Објавил: Перо Милчин | 19 јануари, 2021 12:11

Водици годинава без традиционалното скокање по крстот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/360

За првпат денешниот христијански празник, Водици, се очекува да помине без традиционалното скокање по светиот крст, поради епидемијата со ковид-19.

Наместо тоа, овој голем христијански празник, според најавите, ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

До минатата година, празникот се одбележуваше во сите епархии во земјава, а централната манифестација се одржуваше во Скопје каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан го положуваше светиот крст во водите на реката Вардар. Манифестацијата привлекуваше и голем број туристи во Охрид каде крстот се положуваше во езерото, но и таму годинава тоа нема да се случи.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во пресрет на празникот апелираше до граѓаните и до верските заедници да ги почитуваат мерките и препораките. Полицијата, како што рече, ќе биде на висина на задачата, а оној кој нема да ги почитува препораките, ќе сноси одговорност.

Тој рече дека за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности, организирани се и со посебни планови за да се спречат собирања, а разговарано е и со МПЦ.

„Јас очекувам дека ќе бидеме на висина на задачата и во утрешниот ден. Секако, тој што нема да почитува ќе сноси одговорност“, нагласи Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во...

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти...