Живот
Култура
ВОДНО ГО ВРАТИВМЕ НА ГРАЃАНИТЕ – УШТЕ ЕДНА НОВА ВЕЛОПАТЕКА НИЗ ШУМИТЕ НА ПЛАНИНАТА
За овие четири години воведени се бесплатни автобуски линии, воведен е ред во паркирањето, поставени се нови детски содржини, набавена е планинска противпожарна опрема и возила, организирана е спасителна служба со црвениот крст на Град Скопје. Двете нови патеки за планински велосипедизам дојдоа на барање на велосипедистите и планинарите.
Новата надолна патека е долга над 3.5 км и широка е 3 м. Косините се лесно совладливи и од помалку искусните возачи, но носењето на заштитна опрема е задолжително и е препорачливо. За оваа патека се расчистуваше единствено ниска вегетација, но она што е важно е дека не се сечеше шума. Кога се воведе паркингот на Водно најавата беше дека парите ќе се инвестираат во планината. Денес може да каже дека оваа патека со вредност од 8 милиони денари е финансирана со паркинг картите на автомобилистите.
Да ве потсетам, на Водно му се случија тешки злостори во нашето блиско минато. На Водно му се случи Сончев Град – населба која не се догради а за која се пресече шумата на источните падини кон општина Кисела Вода. На Водно му се случи патот до Сончев Град – којшто се изгради несоодветно и сега е небезбеден за употреба и затворен. Овој пат не само што пресече илјадници дрвја на планината, туку ги пресече и најубавите планинарски патеки од Кисела Вода кон Марково Крувче и Средно Водно.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Култура
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.