На 23 ноември 2021 година во раните утрински часови, автобусот на „Беса Транс“ којшто од Истанбул се враќаше со туристи, удри во ограда на автопатот Струма, кај селото Боснек, при што загинаа 45 лица.

Објавил: Сара Фемина | 26 јануари, 2022 5:32

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на службата, Борислав Сарафов, а одговорноста за несреќата е на возачот кој управувал со автобусот.

– Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и над дозволеното брзина, вели Сарафов.

Шефот на Националната истражна служба за БГНЕС додава дека сега останува да се изврши судска наредба во Северна Македонија и да се известат роднините на жртвите оти имаат право да направат увид во материјалите.

На 23 ноември 2021 година во раните утрински часови, автобусот на „Беса Транс“ којшто од Истанбул се враќаше со туристи, удри во ограда на автопатот Струма, кај селото Боснек, при што загинаа 45 лица. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Автобус со српски регистарски таблички, во кој имало деца, се преврти вчера во Бугарија. Несреќата се случи во 8:10 часот на 217 километри од Софија, кај Стара Загора, јавува Нова.бг.

(ВИДЕО) Во Бугарија се преврти автобус со деца од Србија, има тешко повредени

Подоцна вчера вечер директорот на болницата во Стара Загора рече дека седумнаесет...

Собирот започна со едноминутно молчење за жртвите, а упатената порака беше дека градот не е сам во својата жалост, туку дека тагува цела Црна Гора.

Комеморација за жртвите од масакрот во Цетиње

Комеморацијата за жртвите од трагедијата во која напаѓач уби 10 лица се одржа денеска...

Според воените извештаи, утрово низ градот се слушале предупредувачки сирени. Жителите пријавиле експлозии, јави ДПА.

Тревога за ракетeн напад во Ерусалим, жителите известуваат за експлозии

Првпат од почетокот на израелската воена операција во Појасот Газа, денеска се огласи...