Се отвара истрага за несреќата кај Ласкарци

Објавил: Узунов Бобан | 14 март, 2019 11:17

Возачот на автобусот возел со 99 км на час, тахографот бил манипулиран

Фото/Текст извор: ©магазин

Обвинителството денеска поведе истражна постапка за шест лица за автобуската несреќата кај Ласкарци, во која загинаа 15 граѓани. Меѓу осомничените е и возачот, за кој обвинителот Сашо Рајчев истакна дека водел со недозволена брзина односно со 99 км на час.

Обвинителот откри и дека би манипулиран тахографот на автобусот, односно уредот кој ја мери брзината со која се движи возилото односно бил наштиман да покаже помала брзина.

-Вештачењето покажа дека главна причина за несреќата се неисправноста на уредите за сопирање на автоубост и поголемата брзина на возење над дозволената поради што изгубил контрола врз автобусот. Возачот возел 99 километри на час, а дозволената брзина е 80 километри- рече Рачев.

Меѓу приведените е и сопственикот на Дурмо Турс, но и вработени во фирмата кои го вршеле техничкиот сервис на автобусот.

-Иако бил утврден технички проблем со сопирачките, сепак автобусот добил сертификат за да превезува патници, рече Рајчев.

За сите приведени обвинителството бара притвор, што значи дека набрзо ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Автобуската несреќа се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, при што животот го загубија 15 лица, а многу други беа повредени, полицијата приведе 6 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На овој датум секаде во светот ќе се одбележи 50 години од првиот бунт на хомосексуалците во њујоршкиот бар Стоунвал.

ФОТО: Битолчани ќе покажат пред светот што значи „Парада на Гордоста“

На 29 јуни во Скопје е закажана „Парада на Гордоста“, каде во центарот на главниот град...

Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети за криминали да поднесат оставка?

На тема одговорност, сега има само едно прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците...

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...