Кочани

Објавил: Калина Мартинска | 20 март, 2025 13:49

Возачот на Итната помош, Иле Гоцевски, ќе биде одликуван постхумно

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Возачот на Итната медицинска помош, кој трагично го загуби животот во несреќата во Кочани, а кој превезе голем број пациенти, ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Не поседувам точни информации за тоа колку часови работел возачот, но е несомнено дека изврши огромен труд при превозот на пациенти. Како министер за здравство, планирам следната недела да го повикам неговото семејство и да го одликувам постхумно“, изјави Таравари.

Во врска со информациите дека уште еден возач на Брза помош имал инфаркт, Таравари истакна дека таква информација не е пријавена во Кризниот штаб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести