Женско тело вчера беше извлечено од водите на реката Вардар во Скопје, во близина на пешачкиот мост кај Железничка станица.
Жената не била пријавена за исчезната.
Од МВР за МИА потврдија дека се работи за повозрасна жена, родена 1951 година.
Телото е без видливи траги на насилство и е дадено на обдукција.
Жената kај себе немала документи за идентификација. Допрва ќе се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.
Исто така неодамна жител на селото Кочилари, велешко, пријавил дека во водите на реката Вардар било пронајдено машко тело без траги на насилство.
МВР соопшти дека по завршување на увидот било утврдено дека се работи за лицето Л.С.(77) од Велес.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.