Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 јули, 2019 8:44

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Еве каква е состојбата на патиштата!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Автомото сојузот на Македонија ги известува возачите дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Богородица чекањето за излез од државата е од 30 минути до еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Отпочнат електронскиот начин на наплата на патарини, и дека од почетокот на овој месец тешките товарни возила имаат забрана за движење во викенд на државните патишта, како и на патниот правец Скопје-Охрид.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај