Македонија
Вести
Повеќе од една година, автомобилите на вработени и раководни лица во затворот „Идризово“ се мета на неоткриени пиромани.
Заедничко за сите случаи е што автомобилите се запалени среде ноќ, а сторителите не се откриени. Сите пожари се подметнати. Извори за „Скопје1“ велат дека целта е заплашување, а станува збор за нарачки кои можеби доаѓаат и од затворот.
Возилото на директорот на затворот, Зоран Јовановски, е седмо кое беше опожарено. Претходно, пред точно една година, пред џамија запален беше автомбилот на заменик-директорот Феми Јонузи. Истиот месец изгоре и возило на чувар во скопско Ново Село. Гореа и автомобили на други вработени. Сите случаи се во рацете на полицијата.
Истовремено, директорот Јовановски укажуваше дека вработените во затворот добиваат закани од затвореници, потоа побара и заштита од МВР односно обезбедување на нивните домови. Ова не им беше овозможено од тогашното раководство на МВР – со образложение дека тоа не е изводливо и дека немаат капацитет.
Доколу се гледа фактолошки, ваквите пиромански чинови на заплашување доаѓаат откако во „Идризово“ има претреси или преместување на затвореници од едно во друго крило. Оттука и дел од сомнежите дека нарачките доаѓаат од зад решетките.
Засега нема информации од МВР до каде е расчистувањето на случаите.
Магазин.мк веќе ги анализираше состојбите во затворот КПУ„Идризово“. Прочитај тука:
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.