За УЈП во Битола дефинитивно денот се познава по утрото.
Рано утрово при сообраќајна несреќа на Булевар “1-ви Мај” во Битола, две возила на Управата за Јавни Приходи биле оштетени, а едното завршило и во коритото на реката Драгор.
Возилата на УЈП секојдневно се паркираат покрај реката, бидејќи и управната зграда се наоѓа на само неколку метри од речното корито.
Утрово, како што велат од СВР Битола, возило марка “Мерцедес” од засега не познати причини удрил во паркираните возила на УЈП, по што едното го оштетил а другото завршило во реката.
Возилото кое се наоѓа во реката Драгор, завршило на покривот, има поголемо оштетивања, а се гледаат и документи во возилото.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.