Ова може да го забележите доколку ги отворите податоците од анкетниот лист, кој Арслани го доставил до Државната комисија за спречување корупција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2019 10:39

Вози „пасат“ од 22 илјади евра – еве што поседува Арслани новиот в.д. претседател на Врховниот суд?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фаик Арслани новиот в.д. претседател на Врховниот суд вози „фолксваген пасат“ вреден околу 22 илјади евра.

Ова може да го забележите доколку ги отворите податоците од анкетниот лист, кој Арслани го доставил до Државната комисија за спречување корупција.

Во анкетниот лист стои и дека Арслани поседува личен имот од 40 м2 во Гостивар, кој го дава на користење, девизна штедна книшка со 5.000 американски долари и кредит од 100 илјади евра подигнат во 2017 година. Од побарувања, пријавил 490.000 денари како побарување по основ на извршена работа. 

На името на сопругата новиот в.д. претседател на Врховниот суд пријавил плац земјиште во Гостивар, Тетово и Добридол, а на исто име се наоѓаат и два деловни простори во Скопје и Гостивар.

Врховниот судија Фаик Арслани беше избран за в.д. претседател на Врховниот суд вчера откако претходно Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Арслани е роден на 17.01.1959 година во с. Добридол –Гостиварско. Од 1978-79 година до 1982-83 година студент при Правниот факултет во Нови Сад, САП Војводина, СФРЈ Југославија.

Работно искуство:

Од 1.06.1984 година до 4.07.1988 година – вработен во Опшинското јавно обвинителство – Гостивар. Од 5.07.1988 година до 30.06.1996 година – претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар. Од 1.07.1996 година до 12.05.2001 година – судија при Основниот суд Гостивар. Од 13.05.2001 година до 30.06.2003 година – Министер за Локална самоуправа при Владата на Република Македонија. Од 1.07.2003 година до 31.07.2008 година –адвокат со седиште во Гостивар , регистриран при Адвокатска комора на РМ. Од 1.08.2008 година – член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието на РМ, објавен во Сл. Весник бр.96 од 31.07.2008 година. Од 09.10.2009 година на правниот факултет во Приштина се стекнал со диплома за посдипломски судии и со степен на наобразба м-р по правни –управни науки. Од септември 2010 година судија на Врховниот суд на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Утре е Богојавление- сите немажени девојки треба да замесат тесто

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според...

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Уапсениот “Пинк пантер“ во Тетово – ГО ИЗВРШИЛ ГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО ПРО-КРЕДИТ БАНКА ПРЕД 10 ГОДИНИ

По 10 години бегство, лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на “Прокредит банка“...

Претседателот Пендаровски очекува ваква поддршка од сите членки на Унијата, но и и конкретна временска рамка за старт на преговрите.

Меркел: Старт на преговорите за Македонија и за Албанија, а потоа секој по својот пат

Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите со Унијата, а потоа да продолжат...

Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

Утринава во вооружениот грабеж во Тутунска банка одземени 8.700 евра – зошто ова банка е мета на крадците?

Уште еднаш НЛБ банка беше мета на крадците, нов вооружен грабеж се случи во Скопје. Во...