Нападите врз Ромите во Косово се честа појава

Објавил: Узунов Бобан | 1 јуни, 2019 16:55

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД КОСОВО: Маж среде улица ѕверски тепа жена затоа што е Ромка

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Додека непознато лице со мобилен телефон снима како жената се движи по улица, мажот одеднаш влетува во кадар од зад грб и ја удира со боксови во глава и ја соборува на под. Како да ѕверскиот напад не бил доволен, тој жртвата која неподвижно лежи на улица уште неколку пати ја шутира со нога во глава.

Приштинските медиуми ja објавиле видео снимкаta на која е прикажан напад врз Ромка среде улица во Урошевац.

Додека непознато лице со мобилен телефон снима како жената се движи по улица, мажот одеднаш влетува во кадар од зад грб и ја удира со боксови во глава и ја соборува на под. Како да ѕверскиот напад не бил доволен, тој жртвата која неподвижно лежи на улица уште неколку пати ја шутира со нога во глава.

Во моментов не е позната состојбата на нападната жена, ниту дали некој од многубројните луѓе на улица успеал да ѝ помогне.

Како што пишува „Коха“ тоа не е првпат да се случи напад врз Ромка, односно весникот известува дека пред скоро време била нападната жена после што полицијата го уапсила осомничениот. Истрагата и понатаму трае.

Видеото може да го погледнете на овој линк: 

https://video.gjirafa.com/momenti-kur-sulmohet-gruaja-e-komuniteti-rom-mp4

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести