Според српските медиуми деталите од убиствата се толку монструозни, како да ги извршувале по примерот на касапите од Исламската држава.

Објавил: Перо Милчин | 7 март, 2021 11:01

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Прикажани обезглавени тела со траги на тортура и малтретирање, дело на групата на Беливук

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По седницата на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, покажа фотографии кои докажуваат злосторства за кои е осомничена криминална група предводена од Вељко Беливук, наречен Веља Неволја.

Вучиќ претходно истакна дека истрагата е проширена и за четвртото убиство и дека се собираат докази за „петтото, шестото и седмото убиство“, а потоа беа покажани фотографии на кои се гледаат телата на убиените, за чии ликвидации се сомничи групата на Беливук.

На првите слики беше прикажано оружје а особено снајперската пушка, а потоа беа прикажани ужасни фотографии од осакатени тела, тела без глави и слика на отсечена глава!

Според српските медиуми деталите од убиствата се толку монструозни, како да ги извршувале по примерот на касапите од Исламската држава.

Не донесовме одлука да објавиме снимки од извршувањето на убиствата. Имаме слики и снимки каде што лицата се препознаваат и тоа го сокривме. Ќе видите две лица ликвидирани на брутален и монструозен начин, рече тој пред да ги покаже фотографиите.

Зборувајќи за аферата со прислушувањето, претседателот на Србија рече:

Беа документирани 1272 разговори, и кој знае уште колку ги имаше. За мене е важно и горд сум што немаше ништо криминално во ниту еден од тие разговори.

Ме прислушуваа дури и кога бев во опозиција. Те лажат дека разговарав со криминалци. Еден од „криминалците“ со кој зборувам е Вулин, еден беше Весиќ “.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Како што наведе во продолжение, негативен ПЦР тест за влез во Србија не им е потребен на државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија!

Македонските државјани можат да патуваат во Србија без ПЦР тест

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денес изјави дека не е точна информацијата дека...

Според него, 200 реакции се однесувале на вакцината „Фајзер“, 224 на „Синофарм“, 118 на руската, а во два случаи не било дефинирано која вакцина била аплицирана.

ВО СРБИЈА 626 СЛУЧАИ НА НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ ПО ВАКЦИНАЦИЈАТА

Во Србија пријавени се вкупно 626 случаи на несакани реакции по вакцинацијата против...

Крајниот рок за доставување понуди за испорака на вакви возови е 15 март.

ЧУДО ТЕХНИКА СТИГНУВА НА СРПСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ: Новите возови ќе имаат минимум 300 места, подно греење и ќе возат до 200 км на час

Министерството за транспорт и инфраструктура објави јавна набавка на електричен воз. Тоа...