
Македонија
Вести
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од грабеж на аптека во скопската населба Капиштец.
На Јутјуб каналот се појави видео снимка од неодамнешната кражба во една аптека во центарот на Скопје.
Имено среде бел ден во аптека во Капиштец крадец со фантомка на себе и пиштол во рацете влегол и ја ограбил аптеката.
На видеото се гледа како тој со вперен пиштол кон вработените бара пари, а откако ги зема си заминува.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=29&v=WE-STNFeutg&feature=emb_title
На видеоснимката од безбедносната камера се гледа и дека овој настан се случил околу 17 часот.
Ова не е прв пат да се случи во Скопје ваква гражба среде бел ден, на кражите честа мета се аптеките низ главниот град.
Полицијата се уште се нема огласена за оваа кражба.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.