
Свет
Трагедија
Најмалку 17 лица загинаа рано утрово во судир на воз и автобус во централниот дел на Тајланд, соопштија властите.
Туристички автобус со 65 патници минувал преку пругата на 80 километри источно од Бангкок, кога возот налетал.
Најмалку 17 лица загинаа, а 30 беа повредени во судирот, изјави шефот на округот за тајландската телевизија.
„Врнеше дожд, можеби возачот на автобусот не го виде возот“, рече тој.
Сите повредени се префрлени во две болници. Полицијата соопшти дека го истражува случајот.
Автобусот превезувал туристи од провинцијата Самут Пракан до будистичкиот храм во Чачоенгсао.
http://https://www.youtube.com/watch?v=872IyRLb3FI&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.