Директорот информираше дека во акцијата е уапсено едно лице. Тој вели дека истрагата е во тек со цел за утврдување и откривање на други лица.

Објавил: Стојче Бушин | 22 април, 2020 23:42

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Акција на МВР во Скопје, запленет над еден тон марихуана!

Фото/Текст извор: ©Магазин

МВР вечерва спроведе акција во Скопје, при што е запленета поголема количина на дрога. Директорот информираше дека во акцијата е уапсено едно лице. Тој вели дека истрагата е во тек со цел за утврдување и откривање на други лица.

Над еден тон марихуана вечерва е пронајдена од магацин во скопската населба Бутел, при акција на Бирото за јавна безбедност, преку Одделот за криминалистичка полиција, а за тоа соопшти директорот Сашо Тасевски.

Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки во борбата против недозволената трговија со дрога во координација и насоки со ОЈО Кавадарци во моментов спроведува акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1.240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи, информира директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Директорот информираше дека во акцијата е уапсено едно лице. Тој вели дека истрагата е во тек со цел за утврдување и откривање на други лица.

-Лишено е од слобода едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 1 од Кривичниот законик до ОЈО Кавадарци. Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица инволвирани во случајот на недозволена трговија со марихуана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Приведени Миленко, Александар Пандов и Владимир Панчевски, пред полноќ биле во кафеана во Стајковци

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не...

Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“,...