Помала снежна покривка ќе се формира и во Скопје.

Објавил: Перо Милчин | 20 јануари, 2022 20:00

ВОНРЕДНА ВЕСТ – УХМР: Големи врнежи од снег вечерва

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од УХМР известуваат дека денес во вечерните и ноќните часови во западните и северните делови ќе има врнежи претежно од снег и до изутрина во овие делови ќе се формира нова снежна покривка.

Помала снежна покривка ќе се формира и во Скопје.

Утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието.

Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 4 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег.

Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Македонија под влијание на НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ бран од Африка – Но и можност за локално НЕВРЕМЕ!

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира...

Ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе бидат без поголеми промени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

МАЈСКИ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Уште ПОТОПЛО во првите денови од новата недела!

Како што веќе најавивме денес претежно во западните предели ќе има појава на локален...