Македонија
Време
Времето денеска и во ноќните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд кој може да надмина 25 литри на квадратен метар, електрични празнења и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до 23 степени.
Од УХМР информираат дека најмногу дожд до 8:00 часот изутрината наврнало во Виница 18 л/м, во Тетово 15, во Крива Паланка 12, во Пожаране 7, во Берово 4, во Тополчани, Ѓуриште и Штип 3, во Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Куманово еден литар на метар квадратен.
Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, во западните делови со засилен западен ветер. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира и во следните денови ќе биде стабилно со значителен пораст на дневната температура.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Време
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.