Македонија
Вести
Утринава околу четири часот била ограбена наплатната рампа кај Глумово, дознава порталот КУРИР.
Како што дознава КУРИР две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината и ги држеле вработените во заложништво.
КУРИР дознава дека во овие насилни моменти еден од вооружените крадци ги стопирал возилата кои се обраќаат на таа линија, а другиот со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари.
Но во еден момент крадците започнале и да ги кршат и вратите на кабините во кои биле вработените за да и од таму земат пари.
По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.
Вработените потресени и револтирани бараат надлежните да преземат нешто за поголема безбедност на нив и нивните животи, а досега никој не ги заштитувал и обезбедувал вработените.
Случајот е пријавен во полиција, а направен е и увид на местото.
Извор Курир.мк
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.