Навивачката група Војводи слави 30 години од нејзиното постоење. Вчерашниотт ден го искористија за голема прослава која беше низ тетовските улици и маала.

Објавил: Перо Милчин | 3 ноември, 2018 9:42

Војводи Тетово со величествена прослава за триесетиот роденден

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Триесет години навивачката група Војводи од Тетово го поддржува фудбалскиот клуб Тетекс. Беа лојални на својата љубов и кога клубот имаше успеси но и кога клубот беше на дното на лигашките табели.

Војводи Тетово — навивачка група која потекнува од 1988 година и ги бодрат првенствено ФК Тетекс и КК Тетекс, а потоа и сите македонски спортски клубови од Тетово како што се ФК Љуботен, ОК Бамикор и други. Нивно препознатливо лого е рака со крст кој го преставува значењето на Православието во групата.

 

Навивачката група Војводи слави 30 години од нејзиното постоење. Вчерашниот ден го искористија за голема прослава која беше низ тетовските улици и маала. Неколку генерации се сменија во оваа култна навивачка група, која впрочем е една од најбројните во Република Македонија. 30 години навивачката група Војводи од Тетово го поддржува фудбалскиот клуб Тетекс. Беа лојални на својата љубов и кога клубот имаше успеси но и кога клубот беше на дното на лигашките табели. Навивачите на Војводи секогаш беа посветени и даваа поддршка на Македонските репрезентации во фудбал, кошарка, ракомет. Исто така навивачката група Војводи често организираше хуманитарни настани, крводарителски акции, финансиска и материјална помош на тие кои им беше потребна. Овој ден обедини многу генерации, кои се сетија на најдобрите времиња од постоењето на навивачката група. Голем прој граѓани излегоа на нивните прозори и тераси за да ги поздрават, некои се симнаа да им се приклучат во прославата. Војводи слават, нека им е честит јубилејот, уште многу години навивање, уште многу успеси за ФК Тетекс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

РУСКОСКА: Прв пат ги слушам снимките – Обвинителството ќе ги истражува и тоа кој ги објавил на Јутјуб

На јутјуб вчера се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот...

Од МВР порачуваат дека активностите во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.

МВР денеска апсеше во Арачиново и Грчец: Уапсени 12 лица, дел од нив поврзани со нападот на „Александар Палас“

Во рамки на акцијата биле извршени претреси на 34 локации во Ѓорче Петров, Грчец, Ченто,...

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука.

Сопругата на Жарко Луковски стави крај на невистините: Таа ја открива причината за неговата смрт!

Смртта на Жарко Луковски, поранешен главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина...