Протестите продолжија во раните утрински часови а националната гарда е распоредена во десетина држави, како и во округот Колумбија.

Објавил: Перо Милчин | 31 мај, 2020 12:32

ВОЈНА НА УЛИЦИТЕ ВО АМЕРИКА: Во 25 градови полициски час – граѓаните палат се судирија со полицијата!

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Протестите и немирите за смртта на Афроамериканецот Флојд продолжија во саботата од Њујорк преку Чикаго до Лос Анџелес, со судири меѓу полицијата и демонстрантите и палење полициски автомобили.

Протестите продолжија во раните утрински часови а националната гарда е распоредена во десетина држави, како и во округот Колумбија.

Заклучно со четвртокот, уапсени се речиси 1.400 луѓе во 17 градови во САД. Повеќе од третина од уапсените се во Лос Анџелес.

Властите во Минеаполис соопштија дека успеале да ги запрат насилните протести во кои беа уништени делови од градот.

Полицијата и припадниците на Националната гарда се судрија со демонстрантите кои излегоа на улиците веќе петти ден по ред и покрај полицискиот час. Група демонстранти се движеа кон центарот на градот кога полицијата пукаше солзавец и гумени куршуми.

Во главниот град Вашингтон во текот на ноќта, запалена беше зграда во центарот на Вашингтон, во близина на историскиот хотел Еј Адамс.

Едно лице загинало и најмалку уште две се ранетов во Индијанаполис во американската сојузна држава Индијана, во пукање во текот на немирите по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд, додека двајца членови на телевизиската екипа на агенцијата Reuters исто така во саботата ноќта се повредени со гумени куршуми додека ги снимале протестите во Минеаполис каде што се случи последниот инцидент со полициска бруталност кој предизвика протести и безредија ширум САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, ги повика граѓаните да ја соборат владата заради уривање на зградата на Народниот театар.

ХАОС ВО АЛБАНИЈА: Масовен протест на улиците, уапсени 30 лица меѓу нив и сопругата на претседателот на Албанија (ВИДЕО)

Албанската полиција се судри во Тирана со приврзаниците на опозицијата кои протестираа...

Пред министерот Лончар, во парламентот пристигна лидерот на радикалите, Воислав Шешеj, на кого собраните извикуваа „уааа“.

ИНЦИДЕНТ ПРЕД СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Физички напад на министерот за здравство, Златибор Лончар!

Претседателот на Двери, Бошко Обрадовиќ, неколку пратеници и симпатизери на партијата...

Првата кражба се случила во понеделникот вечерта во локално училиште каде крадци украле пет компјутери откако оградиле ограда на имотот.

Седиштето на мафијата во проблем поради КОРОНА: Се ограбуваат болници, училишта- ХАОС ВО ИТАЛИЈА(ВИДЕО)

Италијанскиот град Палермо регистрира повеќе кражби и грабежи, и покрај карантинот...

„Тероризмот беше отфрлен како мотив за влетувањето на аеродромот„ изјави полицијата.

Дрогирани албанци направија хаос во Барселона: Со кола влетаа во аеродром и се закануваа со убиство(ВИДЕО)

Двајца албански државјани намерно влетаа со својот автомобил во аеродромот во Барселона...