Претседателот на Србија веќе не е оптимист дека ќе има решение за Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 9:35

Војници на КФОР од САД на северот на Косово – ќе следат ли немири?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како да се заштитат српските интереси и народ во Косово и детален преглед на актуелната безбедносна ситуација беа главните теми на итната седница на Советот за национална безбедност на Србија која синоќа се одржа на иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Донесени се повеќе важни мерки – одлуки и предлози за Владата и за силите за безбедност со цел зајакнување на борбената готовност и подготвеност за сите идни предизвици – истакна Вучиќ пред новинарите – нагласувајќи дека некои одлуки не се за јавноста.

“Ние подбро ќе се подготвуваме – ќе одговараме посериозно и ќе го чуваме мирот и стабилноста и со нас нема да се шегува целиот свет заради тоа што некој не ги исполнил своите обврски од Бриселскиот договор. Ние ќе  настојуваме да се засили преговарачка позиција на Србија.” – изјави Вучиќ.

Според него во изминатите денови е забележано “агентурно дејствување од разни центри на моќ” отфрлајќи ги наводите за договорен инцидент меѓу Белград и Приштина. Во однос на ова прашање – Вучиќ рече:

“Станува збор за различни странски служби и нашите агенции се занимаваат со оваа работа. Странските служби се мешале и во политичката и во медиумската сфера доведувајќи ја Србија во положба што сега мора да одговара на трачеви а не за неспроведувањето на единствената обврска на Приштина – формирањето на Заедницата на српски општини.” – изјави Вучиќ.

Вучиќ не е веќе оптимис кога станува збор за компромисно решение за Косово и како што рече тоа не е ни на повидок. Инаку денеска е мирна ситуацијата на езерото и хидроелектраната “Газивода” во Косово но во околината српските медиуми забележале зголемено присуство на припадниците на КФОР.

Според новинарите во текот на денот имало девет возила на американскиот контигент а четири од нив стоеле пред влезот на хидроелектрана. Војниците за РТС изјавиле дека станува збор за вежба. Претходно пак приштинските медиуми објавија дека Србите од северот на Косово денеска ќе прогласат автономија – додека белградските медиуми пишуваат дека Албанците ќе се обидат да ја заземат хидроцентралата “Газивода”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод утрово снег паѓа и во низините. Паѓа во Огулин, кој, како што можете да видите на насловната фотографија, побеле.

ФОТО: Во Хрватска над 30 сантиметри снег – се расчистуваат автопатите

И утрово во дел од Хрватска врне снег, додека во останатиот дел од земјата има дожд...

„На јавна расправа го испраќаме Законот за дополнителен данок на добивка. Тоа значи дека оние кои имаат повеќе ќе им помогнат на оние кои имаат помалку. Сметаме дека ваквиот вид данок би бил солидарен придонес“, кажа Пленковиќ на седница на владата, додавајќи дека „не станува збор за казнување на оние кои се успешни“.

Министерот за финансии Марко Приморац на конференција за медиумите ги изложи деталите на предложениот закон, наведувајќи дека тој данок пред сè е наменет за редистрибуција на профитот на даночните обврзници кои ќе остварат значително поголеми нивоа на добивка во однос на четиригодишниот просек.

Тој потсети дека во хрватскиот даночен систем за добивката веќе постојат две стапки и два прага, а со новиот данок во оваа кризна ситуација фактички се воведуваат уште еден праг и уште една стапка.

„Оние чиј приход е поголем од 300 милиони куни (39,7 милиони евра) ќе плаќаат данок на екстра профит. Тие ќе имаат стапка од 18 отсто данок на добивка, и дополнителен данок кој ќе зависи од нивото на профит во 2022 за оние што ќе бидат за 20 отсто над просекот во последните четири години“, кажа Приморац.

Според него, кога сè ќе се собере ако некому добивката во 2022 му била, на пример, 50 отсто поголема во однос на четиригодишниот просек, неговата ефективна стапка на данок на добивка би била 24 отсто, а на оној чија добивка пораснала 100 отсто во однос на последните четири години, ефективната даночна стапка ќе му биде околу 30 отсто.

Хрватска воведува данок на екстра профит

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави воведување данок на екстра профит во таа...