
Свет
Вести
Вакцинацијата против корона вирусот во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега се имунизирани 250.676 лица!
Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.
-Повеќе од 176.000 баби и дедовци се позаштитени денес од Ковид-19, благодарение на масовната кампања за вакцинација, која ќе ја продолжиме со уште голема стапка, за да го заштитиме здравјето и животот на секој граѓанин. Направени се 250.676 вакцинации а 500.000 во текот на месец мај, наведува Манастирлиу.
Според неа почнуваат со имунизација на лицата над 65-годишна возраст и се планира вакцинација на 20 до 30 илјади лица дневно.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.