Свет
Вести
Жителите на Албанија првомајските празници ги дочекаа со нови цени на основните прехранбени артикли и горивата.
Според одлуката на Бордот за транспарентност, што ја објави Владата, нови цени добија маслото за јадење, шеќерот, оризот и брашното, а пред еден ден и горивата.
Литар масло за јадење се продава по повисока цена од 60 лека (едно евро = 120,99 леки) и сега чини 381 лека (3,1 евро), килограм шеќер 121 лека, ориз 109 лека и килограм брашно 79 лека.
Нови цени имаат горивата. Така, нафтата е поскапа за 10 лека и изнесува 243 лека (1,99 евра) за литар што е највисоко ниво на поскапување од 26 март. За 10 лека поскапе и бензинот и се продава по 223 лека. За два лека поскап е гасот, кој сега се продава по 106 лека за литар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.