Во центарот на грчката престолнина Атина, ќе се подигне споменик на Александар Велики, пишува „Катимерини“

Објавил: admin@magazin | 31 март, 2019 11:07

Во Атина наскоро ќе биде поставен споменик од Александар Велики !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што пишува „Катимерини„ во центарот на грчката престолнина Атина, ќе се подигне споменик на Александар Велики.

Во тек се последните подготовки за подигнување на споменикот, кој ќе биде висок 3.5 метри. Оваа одлука за подигнување на споменик беше донесена на општинскиот совет на Атина.

Споменикот ќе биде дело на еден од најпознатите грчки скулптори Јанис Папас. 

Наскоро ќе почне поставувањето на споменикот на Александар Велики, во центарот на Атина.

До сега споменик на Александар Велики во Грција имаше само во Солун. Ова беше идеја на градот Атина, која наскоро ќе биде реализирана во целост.

Освен во Грција, „Воин на коњ“ — споменик со фонтана на кралот Александар Македонски се наоѓа и на плоштадот Македонија, во Скопје.

Споменикот бил најавен како дел од проектот Скопје 2014 и официјално бил отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Скулптурата е висока 14,5 метри, изработена од бронза и поставена на бетонски постамент висок 10 метри.

Веста за поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија наишла на критики од страна на некои светски медиуми. Сепак, најголем дел од критиките биле упатени од страна на Грција, за која поставувањето на споменикот претставувала провокација и крадење на грчката историја.

Под споменикот се наоѓа фонтана. Околу фонтаната се поставени осум војници од бронза кои се високи по три метри, како и осум лавови, високи по два и пол метри, од кои четири се свртени кон фонтаната.

Од нивните усни тече вода. Останатите четири лавови се поставени на скалите и се во седечка, односно во чуварска положба. На столбот, постаментот на коњаникот, има три прстени со монтирани плочи на кои се претставени три битки. Меѓу нив има три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Од најгорниот прстен паѓа водена завеса, а нагоре се крева магла. Oд фонтаната свири музика.
Техничките процедури и активности околу поставувањето ги извршил стручен и професионален тим од Фрединандо Маринели од Фиренца, Италија, каде била изработена скулптурата.
Автор на делото е вајарката Валентина Стефановска. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски

Нова трагедија во Кочани: Вчера цел ден пренесувал повредени, денес не се разбудил

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат...