Д-р Спиркоска вели дека ќе се вакцинираат само оние кои се закажале преку апликацијата, затоа што во спротивно би имало опасност од хаотичност.

Објавил: Перо Милчин | 3 мај, 2021 17:36

Во Битола само 950 пријавени за вакцини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Попладнево пристигна првата количина на вакцините „Синофарм“ и во вакциналниот пункт во Битола сместен во спортската сала на Медицинското училиште.

Денеска пристигнаа околу 5000 колку што е капацитетот на фрижидерите во кои се сместуваат и чуваат вакцините, а во текот на наредните дена ќе пристигнуваат нови количини согласно потребите и капацитетот на фрижидерите.

Во вакциналниот пункт во Битола се пријавени околу 18.000 граѓани преку апликацијата вакцинација.мк, а за утре се пријавени 910 лица. Во овој пункт ќе се вакцинираат граѓани од Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод, пишува Сител!

-На три дена може да се врши доставата на вакцини, а може и на една недела. Не е само транспортот туку и потребно е да имаме обезбедено места каде ќе се држат вакцините. Од Министерството за здравство имаме добиено два фрижидера, а секако ги користиме и фрижидерите во Здравствен дом, вели д-р Весна Спиркоска, директор на Здравствен дом – Битола.

Вакцинирањето ќе се извршува на 25 пункта. Во две смени ќе има по 25 медицински тима, ќе има и административен тим на приемот и пуштањето после примената вакцина.

Се е во организација на Министерство на здравство, не е како досега кога имавме вакцинален пункт во ОУ „Даме Груев“ каде се вршеше вакцинација преку „Мој Термин“ и матичните доктори, а сега оди преку апликацијата „Мој Термин“. Го повикувам населението активно да се вклучи и да се пријавуваат преку вакцинација.мк, вели Спиркоска.

Д-р Спиркоска вели дека ќе се вакцинираат само оние кои се закажале преку апликацијата, затоа што во спротивно би имало опасност од хаотичност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет.

Мерките дадоа резултати, вели Филипче

Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати, вели министерот...

Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација

Претпладнево на Клиниката за урологија е извршена операција за трансплантација на...