Капацитетот на детската болница „Козле“ е речиси исполнет и тоа најчесто со деца до четиригодишна возраст.

Објавил: Сара Петреска | 17 октомври, 2022 5:51

Во болницата „Козле“ на дежурство се прегледуваат по повеќе од 100 деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Симптомите со кои доаѓаат децата најчесто се кашлање, пораст на температура, секреција од нос!

Капацитетот на детската болница „Козле“ е речиси исполнет и тоа најчесто со деца до четиригодишна возраст.

Д-р Драган Дачевски, педијатар во болницата во изјава за ТВ 21 вели дека приливот на пациенти во детската болница „Козле“ енормно расте.

Според него бројот на деца кои доаѓаат за преглед во болницата само за време на дежурство е над 100, а во сабота и недела бројот е зголемен.

„Моментално во болницата лежат 86 мајки и деца заедно, од кои само едно дете е заразено од Ковид и денеска го пуштивме“, вели д-р Дачевски.  

Симптомите со кои доаѓаат децата најчесто се кашлање, пораст на температура, секреција од нос. Во вечерните часови, додава Дачевски, се активираат ларингити, сува кашлица во народот позната како „кучешко лаење.“

„Кашлицата почнува обично околу 23 часот и трае до раните утрински часови. Сега кај децата доминира пневмонијата. Кај оние помалите што се до година и пол има опција и на пронхоспаза и воспаление на самите дишни патишта“вели Дачевски.

Тој додава дека причините за ваквата здравствената состојба кај децата најчесто е поголемото дружење на родителите и децата особено кога времето е убаво и топло во текот на денот.

„Поголемото дружење на родителите особено кога е вака убаво времето. Треба да внимаваат со кого се дружат, да не бидат тоа деца кои поткашлуваат, на кои им тече носот, бидејќи родителите тоа некогаш го сфаќаат како нормално“, додава тој.

Препораката од Дачевски е да се внимава на облекувањето на децата затоа што сега е време кога наутро и навечер е студено, а во текот на денот е сончево и топло. Затоа, додава тој, децата наутро треба да бидат топло облечени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Според Европската кардиолошка асоцијација нормален притисок е оној до 140 за горниот број во мерењето на крвен притисок и 90 за долниот број.

Еве кои се нормални вредности на крвен притисок според возраста

Еден од најраспространетите здравствени проблеми е зголемениот крвен притисок, кај...

Професорот препорачува да се земе сода наутро и навечер на празен стомак 20-30 минути пред јадење.

Еве зошто СОДА БИКАРБОНА е БОМБА лек на 21 век: Професор Др. Иван Павловиќ ја открива моќта на овој бел прав!

Професорот Иван Павлович Неумивакин во својата книга Сода, Митови и реалност, како...