Токму поради своја самоодбрана студентите на Медицинскиот факултет во Софија, соседна Бугарија започнале со обука за самоодбрана и заштита од напади.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2019 12:10

Во Бугарија воведени задолжителни часови по карате за самоодбрана од пациенти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се почесто сме сведоци на напади врз докторите од страна на пациентите кои поради незадоволство, нервозата ја истураат врз докторите.

Токму поради своја самоодбрана студентите на Медицинскиот факултет во Софија, соседна Бугарија започнале со обука за самоодбрана и заштита од напади.

Бугарските доктори ќе посетуваат обуки за самоодбрана

Како што објавија бугарските медиуми ваквата обука на студентите била задолжителна во програмата на медицинските факултети од почетокот на оваа учебна година а целта е да можат да одговорат на се позголемената агресија која се случувала врз докторите во Бугарија. Обуката вклучувала теорија и психологија на самоодбраната, како и пракса, односно се изучувале спортови кои имаат самоодбранбени вештини како карате и бокс.

Ваквата обука како што објавија бугарските медиуми се задолжителни за сите медицинари и е воведена откако се случиле низа на немили настани, односно физички и вербални напади врз нив.

Според статистиката, секој втор лекар во Бугарија бил изложен на агресија од страна на пациентите, а во 81 процент насилството било вербално. Со цел да се заштитат, голем број на лекари купувале и со себе секогаш на работа носеле спреј за самозаштита, а како што пишува бугарски ,,Телеграф” голем број на медицински сестри во ташните носеле и лут пипер за време на дежурствата.

Ако некој ме нападне, ќе му фрлам пипер во очите и ќе му предизвикам привремено слепило, таман да побегнам и побарам помош – раскажала медицинска сестра за познатиот медиум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Појасни дека колку двете земји се поблиску до европскиот пат, толку повеќе се дава можност на Грција во рамките на процесот на преговори со Унијата да се справи со проблемите што ги има на билатерално ниво.

Мицотакис: Резултатот од Самитот не е добар ни за Грција!

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за...

За потсетување, Раперот Далибор Андонов Гру (46) загина на 11 септември околу 3:30 кога при кајтбординг паднал во Дунав. Телото на пејачот со чамец на брегот го извадиле неговите пријатели во наутичкиот клуб Земун. Тие повикале Итна помош, меѓутоа, таа само можела да констатира смрт.

40 дена од смрта на Гру: Го прегрна крстот и заплака на цел глас – тажан е сликата на белградските гробишта

Навршија 40 тажни денови откако трагично настрада Далибор Андонов Гру, а сопругата...

Како што дознава српски Блиц, Виолета имала и на главата расекотини и убодни рани, па се претпоставува дека Душан ја сечел и ја забодувал и откако и ги задал смртоносните убоди.

НЕ САКАЛ ДА ЈА ПРИФАТИ РАЗДЕЛБАТА:Душан до СМРТ ја избодел Виолета, па продолжил да ја КАСАПИ и кога го испуштила последниот здив

Душан Петронијевиќ (34) кој ја уби својата девојка Виолета Јосиќ (19) во нејзината куќа...

Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, јас тоа ќе го зграпчам! Јас нема да ве лажам како некои, изјави Александар Вучиќ.

Вучиќ: Америка нема да го промени својот став, нема да ни дадат поделба на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на ветропаркот во Мермер кај...