Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.

Објавил: Сара Фемина | 16 октомври, 2021 14:06

Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани вкупно 100.066 граѓани од Врање, од другите градови во Србија и државјани на Македонија и други држави, соопшти денеска Здравствениот центар (ЗЦ) во Врање.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.

Што се однесува до втората доза, неа во Врање ја примиле 11.966 македонски државјани,

32.416 српски и 13 граѓани на БиХ. Трета доза на некои од вакцините, во Врање досега е дадена на вкупно 7.733 лица.

Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм и тоа вкупно 62.711 пати за сите три дози (прва доза 28.965, втора 28.122 и трета 5.624). Потоа следи Фајзер, кој бил аплициран во вкупно 29.439 случаи (прва доза 15.139, втора 12.755 и трета 1.545), па рускиот Спутник В даден во 6.999 дози (прва 15.139, втора 3.146 и трета 571). Астра Зенека, која не беше достапна долго време, е аплицирана во 932 случаи (прва 455 и втора 477).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена. Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Вакцинација или ПЦР тест на трошок на работникот

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат...

Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани

Филипче: Граѓаните имаат избор или да направат ПЦР тест што ќе го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно

Дека вакцините се докажано безбедни, ефикасни и штитат од тешка форма на болеста, Филипче...