Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.

Објавил: Владо Марин | 4 јули, 2021 16:21

Во Врање досега се вакцинирани 10.390 македонски граѓани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Република Србија во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е пет граѓани.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 4.179 и пет државјани на Република Босна и Херцеговина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Изгубивме толку многу животи, и можевме да ги спасиме. Вакцинирај се. Не знам што друго да кажам на таа тема”, додаде таа.

Србија воведува ковид сертификати за влез во кафулиња, ресторани, ноќни клубови…

Србија се подготвува да воведе ковид-сертификати, изјави премиерката Ана Брнабиќ,...

Околу 15.000 македонски државјани веќе се вакцинираа во Србија, најголем број од нив со „АстраЗенека“, која во Македонија е достапна само за лицата над 60 години.

Србија од 21 јуни почнува со прослави, Вучиќ ги кани граѓаните од регионов да се вакцинираат

Граѓаните на Србија од 21 јуни ќе можат да организираат прослави, најави премиерката...