Она што е највозбудливо во овие нови зделки на градот е тоа што сопственик и управител на оваа фирма е партнерот т.е. невенчаниот сопруг на министерката за образование Мила Царовска, кој веќе сме го гледале вплеткан и во други слични епизоди на оваа крими сапунска серија на власта.

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 март, 2021 13:38

Во време на пандемија сопругот на Царовска добива тендер со скандалозни суми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека власта со катастрофално менаџирање на пандемијата државата ја воведува во должничко ропство, Град Скопје и фирмата „Флај кем“ склучиле договор вo вредност oд еден милион денари или 16.250 евра за една година.

Она што е највозбудливо во овие нови зделки на градот е тоа што сопственик и управител на оваа фирма е партнерот т.е. невенчаниот сопруг на министерката за образование Мила Царовска, кој веќе сме го гледале вплеткан и во други слични епизоди на оваа крими сапунска серија на власта.
 
Практично, на 4 март, Град Скопје и фирмата „Флај кем“ од Скопје склучиле договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести. Во овој договор е утврдена и поединечната цена за снимање на шумите на Скопје за еден квадратен километар од фамозни 82.600 денари!
 
Дополнително, Град Скопје пак има обврска да ѝ обезбеди на компанијата соодветен лиценциран софтвер во кој ќе се прават премерите на теренот. Оваа фирма и порано беше вплеткана во слични скандали, со конфликт на интереси и кршење на основните етички норми, кога снимаше за потребите на други државни институции. Во април 2018 година имаше договор со МЕПСО за обезбедување на „специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“ во вредност од 779.980 денари, потоа работеше и за Општина Куманово, а во март 2018 година Флај кем продал дрон за 129.800 денари на општината. Истот така оваа фирма во 2019 година снимаше со дрон за потребите на кумановската градинка „Ангел Шајче“ (2х35.000 денари).
 
Иако и од дрон се гледаат намерите на власта да ја наградат министерката Царовска за доследното бришење на историјата од учебниците, Левица сепак очекува одговор од градоначалникот Петре Шилегов и министерката Царовска, двајцата високи функционери од СДСМ, во врска со овие сомнителни зделки. Дополнително, за овој скандал ја повикуваме и Антикорупциската комисија да отвори случај со цел да утврди судир на интереси.
 
Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Владата дозволи свадби на затворено, а од 15 ноември за влез ќе се бараат две дози вакцина

Владата на Македонија на вчерашната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка...

Членот на ДИК, Кренар Лога не се согласува со ваквата одлука и истата ја нарекува незаконска. За ова писмено ги известил и останатите членови, пренесе Алсат.

ДИК го смени Упатството и ќе признава за важечки и ливчиња без печат

ДИК на денешната седница го смени Упатството за важечки и неважечки ливчиња и сега...

Зошто АД МЕПСО не ја активирал ТЕЦ Неготино која е резерва за вакви случаеви на криза, а според законот е под негова надлежност и за тоа има финансиски издатоци спрема ТЕЦ Неготино како ладна резерва?

Куштрим Рамадани и Васко Ковачески мора да понесат одговорност за енергетската криза

Уште минатата година, Левица предупредуваше дека со ваква лоша кадровска политика...

Мицкоски посочи дека на СДСМ и на ДУИ им пречи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива. Граѓаните сакаат коалиции со коишто ќе им се покаже иднината, а не да ги враќаат во минатото.

Со Села направивме коалиција за создавање иднина

„Не е поентата да се занимавате со политика и да делите. Поентата е да се занимавате...